Мајката на Анџелина Џоли била уште поубава од неа! Долго се борела со тешка болест, сопругот ја изневерувал, а еве како изгледала (ФОТО)
Холивудската актерка Анџелина Џоли е позната по својата вонсериска убавина, а малкумина знаат дека нејзината мајка, Маршелин Бертран, исто така била убавица.
Нејзината мајка била актерка, која денес, ако била жива, би имала 71 година. Анџелина покрај талентот за глума, од мајка си ја наследила и убавината.
Маршелин се венчала на 21 година и прво го родила синот Џејс, а две години подоцна на свет дошла и Анџелина. Меѓутоа, овој брак не опстанал. Таа открила дека нејзиниот сопруг, славниот актер Џон Војт, ја изневерувал на сите страни, па затоа се развеле кога децата имале пет и три години.
Кога имала речиси 52 години, Маршелин се венчала со Том Бесамр, со кој живеела во среќен брак седум години, додека смртта не ги разделила.
Маршелин како лавица се борела со ракот, а во 2007 година починала, на 56 години.
Во 2008 година Анџелина и Бред Пит ја добиле ќерката Вивиен Маршелин Џоли Пит, која го добила името по нејзината покојна баба.
ФОТО: Фејсбук