Благодарност од владата: На Табановце секој српски автомобил добива бесплатна картичка за патарина

МВР веќе доби 65.000 картички од ЈП за државни патишта со 760 денари колку што чини патарината на Коридорот 10.

1,237

Првите српски туристи кои патуваат низ коридорот 10  денеска на граничниот премин Табановце ќе ги добијат бесплатно  смарт картичките за плаќање патарина. Полицајците на преминот се задолжени да ги предадат смарт картичките на секое возило со српски патници од денеска до 15 август до кога трае активноста која владата ја предвиде како благодарност што Србија прва ни дарува вакцини против ковид-19.

МВР веќе доби 65.000 картички од ЈП за државни патишта со 760 денари колку што чини патарината на Коридорот 10.






– Реализирањето на мерката за доделување картички за патарина е почната од 00.00 часот. Секое српско возило кое се движи по Коридорот 10 ја добива картичка како што е предвидено во одлуката на владата – велат од МВР.

Владата ќе го плати износот на картичката и нејзината подготовка или 860 денари по картичка, а е предвидено 200.000 српски граѓани да ги добијат на граничниот премин Табановце. За оваа цел владата издвои 2,8 милиони евра.

 

 

Поврзани содржини