НАУКА Јадрото на земјата станува подебело на едната страна: Oпасно ли е тоа за човештвото? ВИДЕО

ППротекувањето на железо во надворешното јадро ја одведува топлината од внатрешното јадро и тоа се лади. Јадрото изнесува повеќе топлина на исток, под Индонезија, отколку на запад, под Бразил, објаснува сеизмологот Фрост.

1,845

Зошто јадрото на нашата планета станува подебело од едната страна? Дали тоа може да го деформира јадрото и колку е ова опасно? Иако со децении ја проучуваат оваа аномалија, научниците сè уште се обидуваат да одговорат на низа прашања.

Во најновото истражување за кое пишува Лајв Сајенс, научниците го симулирале растот на јадрото на Земјата во последните милијарди години. Тие заклучиле дека причината може да биде кривото растење на внатрешното јадро, поради што на едната страна железните кристали се формираат побрзо отколку на другата, а потоа истекуваат надвор.






– Протекувањето на железо во надворешното јадро ја одведува топлината од внатрешното јадро и тоа се лади. Ова значи дека надворешното јадро изнесува повеќе топлина на исток, под Индонезија, отколку на запад под Бразил – објаснува сеизмологот Даниел Фрост од Универзитетот во Беркли.

Експертите тврдат дека овој асиметричен раст не значи дека внатрешното јадро е деформирано или дека ќе се појави некаков дисбаланс.

Радиусот на внатрешното јадро во просек расте рамномерно за околу 1 милиметар секоја година. Потоа гравитацијата го балансира асиметричниот раст на кристалите од источната страна на јадрото, туркајќи ги новите кристали на запад. Таму, кристалите се собираат во решеткасти структури кои се протегаат по оската север-југ. Овие кристални структури, распоредени паралелно со половите на Земјата, се сеизмички автопати кои овозможуваат сеизмичките бранови побрзо да патуваат во таа насока.

– Но, тешко е да се каже што ја предизвикува оваа нерамнотежа, ако не се земат предвид сите други слоеви во внатрешноста на Земјата – забележува Фрост. – На секој слој влијае она што е над него и што е под него. Внатрешното јадро полека се лади и се шири кон течното надворешно јадро, како снежна топка што се зголемува со тркалање. Надворешното јадро потоа ја лади почвата која е над него. Ако прашуваме зошто внатрешното јадро расте побрзо од едната страна, мора да се запрашаме и зошто едната страна е поладна од другата.

Исто така, прашање е дали ова ладење на јадрото од едната страна влијае на магнетното поле на Земјата.

– Магнетното поле всушност и така се создава, токму поради протокот на железо во надворешното јадро. Но, ако внатрешното јадро губи повеќе топлина од исток, тогаш по него и надворешното јадро ќе се премести на исток, а уште не знаеме дали ова влијае на јачината на магнетното поле – додава сеизмологот.

Поврзани содржини