Прифатена понудата од 500.000 евра на Рашковски, тој да се брани од слобода
Рашковски се терети дека како генерален секретар купил софтвер за автоматско казнување на сообраќајни прекршоци кој ниту некој му го барал ниту, пак, некој го користи.
Јавното обвинителство ја прифаќа понудата од 500.000 евра, на поранешниот Генерален секретар на Владата Драги Рашковски, објави „360 степени“.
– Ве известуваме дека Вишото јавно обвинителство Скопје, по предметот оформен по поднесена Жалба на обвинетиот Д.Р. со понудена гаранција, до Апелациониот суд Скопје согласно законските надлежности достави писмен предлог со кој му се предлага на Судот да ја уважи жалбата на обвинетиот, да ја прифати понудената гаранција во висина од 30.686.215.00 денари и да ја замени мерката притвор со понудената гаранција – велат од ЈОРМ.
Во случајот, надлежен за конечната одлука е Апелациониот суд во Скопје кој треба да одлучи по жалбата.
Рашковски се терети дека како генерален секретар купил софтвер за автоматско казнување на сообраќајни прекршоци кој ниту некој му го барал ниту, пак, некој го користи.