Пожар во подземна гаража во Охрид, станарите евакуирани
Освен причинетата материјална штета, за среќа нема повредени во пожарот, а причината за неговото избувнување ќе ја утврди истрагата.
Пожар избувна ноќеска околу полноќ во подземна гаража на станбена згреада во центарот на Охрид. Притоа опожарени се три возила, а евакуирани се станарите од влез на објектот, поради силен чад.
Интервенираше Територијалната единица за противпожарна одбрана од Охрид со сите расположиви ресурси. Пламенот е изгаснат, но во акцијата се потрошени сите боци со кислород наменети за интретрвенции во затврени простории.
На местото на настанот беа присутни и екипи на Службата за итна медицинска помош, кои исто така интервенираа кај лица што подолго време вдишале чад.
Освен причинетата материјална штета, за среќа нема повредени во пожарот, а причината за неговото избувнување ќе ја утврди истрагата.