Во Србија вакцинирани 45,3 отсто од полнолетните

143

Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека 45,3 проценти од возрасната популација во Србија досега е вакцинирана против ковид-19, но таа цифра не е доволна за колективен имунитет. Таа ги повика младите што побрзо да се вакцинираат.

– Со приемот на контингентот кинески вакцини, што пристигна утрово на аеродромот „Никола Тесла“, пристигнаа сите вакцини договорени со Синофарм – четири милиони, во согласност со договорот – изјави Брнабиќ која даодаде дека кинеските партнери направиле многу повеќе од договореното.






– Во моментов имаме дополнителни вакцини во Србија, сега со овој контингент од 250.000, за приближно уште 500.000-600.000 луѓе. Значи, во овој момент, за да не примиме друга дополнителна вакцина, имаме вакцина за вакцинирање 3.115.000 луѓе – рече Брнабиќ.

Поврзани содржини