Пендаровски од Рим: Италијанскиот претседател ми вети дека ќе ни дојде на гости, тоа е интересен детал

Интересен детал е дека по 20 години, мислам до крајот на оваа година, италијанскиот претседател вети дека ќе дојде во официјална посета на Северна Македонија, тоа е втора или трета посета на италијански претседател откако Македонија е независна држава - изјави Пендаровски.

403

Претседателот Стево Пендаровски по средбата со италијанскиот претседател Серџо Матарела рече дека добил ветување дека Италија ќе се заложи процесите да се интензивираат не само за земјава, туку за цел регион на Западен Балкан.

Тој истакна дека Матарела најавил дека ќе ја посети Македонија до крајот на оваа година.






– Тоа е и во нивни интерес не само на државите кои се лоцирани во нашиот регион. Интересен детал е дека по 20 години, мислам до крајот на оваа година, италијанскиот претседател вети дека ќе дојде во официјална посета на Северна Македонија, тоа е втора или трета посета на италијански претседател откако Македонија е независна држава – изјави Пендаровски по средбата.

Со оглед на тоа што во Рим допатува заедно со бугарскиот претседател Румен Радев, Пендаровски рече дека не разговарале за детали околу одмрзнување на односите помеѓу двете соседни земји, но истакна дека и на самата Бугарија ѝ одговара да има стабилен сосед, кој му припаѓа на европското семејство.

Поврзани содржини