Oтворена повреда на глава кај дете по пад од велосипед

Детето со повреди на главата кое е интубирано и во тешка општа состојба и во безсознание, е пратено на понатамошно лекување во Клиниката Карил во Скопје

504

Синоќа во 18.45 минути на улица  „Ѓорѓи Димитров“ во Велес, 12-годишно дете паднало од велосипед и се здобило со отворена повреда на глава, по што од медицинската екипа на Службата за брза помош и во безсознание било транспортирано на хирушкиот оддел при велешката болница за понатамошно иследување, информира д-р Василка Пановска Попстефанова началник на Брза помош.

-Детето со повреди на главата кое е интубирано и во тешка општа состојба и во безсознание, е пратено на понатамошно лекување во Клиниката Карил во Скопје – изјави портпаролот на ЈЗУ Општа болница,  д-р Елеонора Јованова.

Поврзани содржини