Петчлено семејство со мало детенце е меѓу жртвите во трагедијата во Италија (ФОТО)

Кога се случила несреќата, во кабината имало 15 лица, а спасувачите работеа во многу тешки услови поради непристапноста на теренот.

1,539

Петчлено семејство загина во големата несреќа што се случи вчера на северот на Италија кога кабина се откачи од жичница. Брачниот пар, нивното дете и родителите на сопругот се петте члена меѓу 14-те жртви на трагедијата.

Како што објавија италијанските медиуми, најмладата жртва е 2-годишниот Том Бринан. Тој заедно со своите родители, бабата и дедото и братот биле на излет. Братчето на Том е единствениот преживеан во падот на кабината, но се наоѓа во болница и се бори за живот со тешки повреди на главата, телото и на нозете.






Кога се случила несреќата, во кабината имало 15 лица, а спасувачите работеа во многу тешки услови поради непристапноста на теренот.

Засега нема официјална потврда за причината за несреќата, но се претпоставува дека откажал еден од каблите кои ја држеле кабината.

Поврзани содржини