Русија го одобри производството на вакцината Спутник V во Србија

Србија на тој начин ќе стане првата земја во Европа што ќе ја произведува вакцина Спутник V, соопштено е на состанокот што во Москва денеска го одржаа министерот во Владата на Србија Ненад Поповиќ и директорот на институтот „Гамалеја“, Александар Гинтсбург.

341

Рускиот  Институт за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“ го потврди квалитетот на вакцината произведена на белградскиот Институт „Торлак“ и го одобри производството на вакцината Спутник V против коронавирусот во Србија.

Србија на тој начин ќе стане првата земја во Европа што ќе ја произведува вакцина Спутник V, соопштено е на состанокот што во Москва денеска го одржаа министерот во Владата на Србија Ненад Поповиќ и директорот на институтот „Гамалеја“, Александар Гинтсбург.

Министерот Поповиќ потсети дека минатиот месец бил испратен серијалот на вакцината од „Торлак“ на Институтот „Гамалеја“ на тестирање .

– Институтот „Гамалеја„ потврди дека вакцините произведени во „Торлак“ ги исполнуваат пропишаните стандарди за квалитет. Денеска ја добивме таа потврда од нашите руски партнери и добивме одобрение да продолжиме со производството – изјави Поповиќ.

Тој посочи дека во следните две недели очекува од Русија во Србија да пристигне значително количество на супстанца за производство на двете компоненти на вакцината Спутник V.

– Многу скоро, Србија ќе има доволно вакцини за целосно да ги покрие своите внатрешни потреби и ќе разговараме со претседателот Вучиќ каде треба да се испраќаат вакцините надвор од границите на Србија, со цел да им помогнеме на нашите партнери во регионот и Европа во борбата против коронавирусот – кажа Поповиќ.

Директорот на институтот „Гамалеја“, Александар Гинтсбург,изрази задоволство од одобрувањето на валидационите серии на вакцините произведени во „Торлак“.

Поврзани содржини