Богдановиќ за „РСЕ“: Не можам сам да се борам против цела држава
За тоа дали ќе се градат ли висококатниците кај Холидеј Ин, градоначалникот вели дека се зависи како ќе завршат одредени постапки коишто ги водат.
Гградоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ во интервјуто за „РСЕ“ вели дека се обидел да ги смени тие Детални урбанистички планови, дел ги и променил, одлуката на Уставен суд еднаш ја нема испочитувано, па донел втора одлука, но дека тој против цела држава не можам да се бори сам.
За тоа дали ќе се градат ли висококатниците кај Холидеј Ин, градоначалникот вели дека се зависи како ќе завршат одредени постапки коишто ги водат.
– Јас само сакам да ги запознам граѓаните дека без разлика што и да се случи, таму е предвидено некој развој кој го дозволува Општината и претходно со Детален урбанистички план, а и доколку дојде до одредени промени, повторно ќе има некој развој, дали во деловен или станбен простор, зависи како ќе заврши на крај планот. Ние до пред извесно време, пред одлуката на Уставен суд, односно решението за поништување на нашата одлука за неспроведување на Детални урбанистички планови, имавме начин како да не се постапува по тие Детални урбанистички планови. Но, за жал, Уставниот суд ни ја укинаа таа одлука и сега сме во една фаза каде што се дозволува на сопствениците на земјиштето да поднесуваат барања за одобрение, а ние се обидуваме со одредени мерки да исправиме тоа што може да се исправи, така што сè зависи од исходот на тие постапки коишто ќе се водат – истакна Богдановиќ.