Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека пандемијата е на својот врв, но дека бројот на новозаразени и смртни случаи кај пациенти со ковид-19 се намалува во повеќето региони, вклучувајќи ги и најтешко погодените во Европа и северна и јужна Америка.
– Но, ова е неприфатлив врв на пандемијата со 5,4 милиони новоинфицирани и речиси 90.000 смртни случаи меѓу пациенти со ковид само во последната недела – рече генералниот директор на СЗО, Тедрос Адана Гебрејесус.