Борел: Немаме намера да ги одвоиме Северна Македонија и Албанија
Имаше согласност во Советот денес дека е потребно забрзување на процесот на реформи поврзани за ЕУ во регионот, сакаме исто така да се забрза процесот на приклучување кон и немаме намера да ги одвојуваме Северна Македонија и Албанија.
Шефот на ЕУ дипломатијата, Жосеп Борел, изјави попладнево дека со министрите за надворешни работи на ЕУ се согласиле дека не постои намера за одвојување на Албанија и Северна Македонија во ЕУ процесот.
Западниот Балкан за прв пат после две години денеска се најде на агендата на министрите за надворешни работи, соопшти Борел и додаде дека нема да дозволи да поминат повторно две години без да се дебатира за регионот – клучен за Европската Унија.
Во воведниот говор тој се осврна на С Македонија откако се појавија бројни шпекулации дека Скопје и Тирана би можеле да бидат одвоени доколку не се отстрани ветото на Бугарија.
– Имаше согласност во Советот денес дека е потребно забрзување на процесот на реформи поврзани за ЕУ во регионот, сакаме исто така да се забрза процесот на приклучување кон и немаме намера да ги одвојуваме Северна Македонија и Албанија -изјави шефот на европската дипломатија по состанокот со 27-те министри за надворешни работи на ЕУ.
Борел нагласи исто така дека Европската Унија е загрижена поради изјавите за одвојување на Скопје и Тирана и дека ставот во Советот не е променет по ова прашање.
На прашање на МИА дали блокадата за С Македонија ги декредибилизира обидите на ЕУ да биде попристуна на Западен Балкан, Борел одговори дека двете страни треба итно да изнајдат заеднички прифатливо решение.
– Имавме разговор за ова денес, ја слушнавме Бугарија и ги охрабруваме двете страни итно да изнајдат заеднички прифатливо решение. Условите се исполнети, земјите членки се одлучија да ги отворат преговорите за Северна Македонија и се надеваме дека Меѓувладината конференција ќе се свика што е можно побрзо по усвојувањето на преговарачката рамка, министрите за надворешни работи на земјите членки се заложија да туркаат силно за свикување на првата Меѓувладина конференција и да ја усвојат рамката – изјави Борел попладнево на прес – конференцијата по Советот за надворешни работи на ЕУ.