Милошоски објави снимка во која турскиот мафијаш Пекер тврди дека бил дома кај премиерот (ВИДЕО)

После изјавата на Седат Пекер, по кого има меѓународна потерница за трговија со дрога, дека имал лична средба со Зоран Заев, станува јасно кој ја дал наредбата на овој нарко бос службениците во МВР да му издадат македонска патна исправа со украдениот идентитет Џадин Амедовски, наведува Милошоски.

4,880

Антонио Милошоски денеска објави видео снимка на која најпознатиот турски мафијаш Седат Пекер вели дека го познава лично премиерот на Македонија и дека бил кај него дома.

„После изјавата на Седат Пекер, по кого има меѓународна потерница за трговија со дрога, дека имал лична средба со Зоран Заев, станува јасно кој ја дал наредбата на овој нарко бос службениците во МВР да му издадат македонска патна исправа со украдениот идентитет Џадин Амедовски. И додека полицијата во Турција и во ЕУ го барала Седат Пекер за да го уапси за нарко-трговија, Заев го среќавал дома, и му овозможил да ѝ се сокрие на меѓународната правда. Ова е само еден пример кој покажува како македонскиот пасош, со знаење на владините функционери, станал патна исправа за заштита на 215 меѓународни мафијаши кои се барани од Италија, од Србија, Турција, Романија, Црна Гора и од целиот Интерпол“, напиша Милошоски на својот профил на Фејсбук.






Тој наведува дека случајот „Мафија“ е уште еден доказ дека контролниот систем на македонските патни исправи е пробиен.

Заев пред еден месец кажа дека бил запознаен со сите средби кои ги имал Пекер во земјава, но не кажа дали се познава лично со Пекер и дали го примил во својот дом. Заев посочи дека луѓе од неговата коалиција се среќавале со Пекер „во чаршијата или на други места“.

Опозицијата јавно прашуваше дали Седат Пекер бил на средби во зградата на владата.

– Зоран Заев мора да каже со кои од неговите коалициски партнери од власта, па и функционери од власта, разговарале со Седат Пекер. Имале ли средба и за што разговарале? Владата молчи дали Седат Пекер бил и на состанок во Владата, а мора да одговори за какви бизниси се разговарало таму на средбите со Зоран Заев и Седат Пекер? Бараме одговори во врска со тоа, но и за наводните бизниси на Седат Пекер со братот на Зоран Заев, Вице Заев. Зоран Заев мора да каже со што тоа Пекер го задолжил него, за да му биде обезбедено полициско обезбедување, возила за придружба и така да се шета низ Македонија – рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

Тој пред речиси еден месец недели ги повика Зоран Заев и Оливер Спасовски да кажат што правел Седат Пекер три месеци во Македонија и зошто не бил протеран во Турција каде има потерница по него, туку бил пратен во Косово.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски објавувајќи ја истата снимка денеска на Фејсбук порача:

„Целосно расветлување ќе има, исто како и одговорност за сите инволвирани од власта, веднаш по паѓањето на оваа мафијашка влада“.

Поврзани содржини