Пасош добил и Фуат Јусуф, бегалец осуден на 15 години затвор

Јусуф e обвинет поради учество во разбојничката кражба на транспорт на пари на Пошти во 2008 година.

665

Фуат Јусуф e меѓу оние кои нелегално добиле пасош со украдени лични податоци, а кој во земјава е обвинет поради учество во разбојничката кражба на транспорт на пари на Пошти во 2008 година, објави „КОД“.

Иако е осуден на 15 години затвор, а притоа е бегалец со меѓународна потерница, тој успеал да извади пасош на туѓо име во управните служби на МВР каде врие од полицајци и службеници.






Јусуф на 22 јануари 2020 година, за време на техничката влада, дошол во Македонија, се сликал за пасош на име Едуард Мале и ја добил патната исправа, објави „КОД“.

За потсетување, во експресни постапки вработените во пасошко со признание и без парични казни успеаја да се извлечат од огромниот скандал со казни под 2 и пол години затвор.

Поврзани содржини