Иако има десетици милиони дози, Јапонија вакцинираше само два проценти од населението
Количината на вакцини во Јапонија драстично ќе се зголеми откако националниот регулатор ги одобри вакцините развиени од „Модерна“ и „АстраЗенека“ на 20 мај, објави денеска јапонската радио-телевизија (НХК).
Неискористените вакцини против ковид-19 во Јапонија се приближуваат до десетици милиони дози во време кога земјата треба да одобри уште две вакцини, а кампањата за вакцинација сè уште е многу бавна поради логистичките неуспеси.
Јапонија увезе 28 милиони дози од вакцина „Фајзер“ до втората половина на април, но досега се искористени само 15 проценти од нив, додека останатите 24 милиони дози сè уште се чуваат во замрзнувачи.
Количината на вакцини во Јапонија драстично ќе се зголеми откако националниот регулатор ги одобри вакцините развиени од „Модерна“ и „АстраЗенека“ на 20 мај, објави денеска јапонската радио-телевизија (НХК).
Првата пратка од вакцината „Модерна“ е веќе пристигна, а локалните домашни партнери се подготвуваат да доставуваат 30 милиони дози од вакцина „АстраЗенека“.
Овој и следниот месец, се очекува „Фајзер“ да испорача повеќе од 35 милиони дози на вакцина.
Но, и покрај големите количества обезбедени вакцини, претежно од азиските земји, Јапонија, која се подготвува да биде домаќин на Летните олимписки игри, искористи само четири милиони дози за вакцинирање на здравствените работници и старите лица.
Околу два милиони здравствени работници сè уште ја чекаат првата доза на вакцината.
Досега се вакцинирани само 2,2 проценти од населението во Јапонија, што е најмалку во споредба со другите богати земји.
Владата објави дека сака да вакцинира 36 милиони постари граѓани до јули, но за да се постигне таа цел, треба да се вакцинираат дневно по 800.000 лица.