IHME: Бројот на починати од ковид-19 во светот е двојно поголем од официјалните бројки
Во светот, според американските научници, вкупната бројка е околу 7 милиони смртни случаи, што е повеќе од двојно од официјалните 3,24 милиони смртни случаи регистрирани од Универзитетот Џон Хопкинс.
Бројот на смртни случаи ширум светот од ковид-19 е двојно поголем од официјалните 3,24 милиони, според новата студија, која предизвика полемики.
Повеќе од 905.000 луѓе починаа од ковид-19 во САД, 57 проценти повеќе од официјалниот број, тврдат научниците од Институтот за здравствени пресметки и проценки на Универзитетот во Вашингтон (IHME). Тоа е повеќе од која било друга земја.
Официјалната бројка на починати во САД е околу 580.000 лица, според статистичките податоци на Универзитетот Џон Хопкинс.
Во светот, според американските научници, вкупната бројка е околу 7 милиони смртни случаи, што е повеќе од двојно од официјалните 3,24 милиони смртни случаи регистрирани од Универзитетот Џон Хопкинс.
Научниците го проучувале отстапувањето во смртноста помеѓу март 2020 и 3 мај 2021 година, споредувајќи што нормално би се случило за една година без пандемија, а потоа ги зеле предвид факторите поврзани со пандемијата.
Ним им беа дадени, како што рекоа, бројки што ја отсликуваат смртта исклучиво од САРС-КоВ-2, вирусот што го предизвикува ковид-19.
– Колку и да изгледа страшно пандемијата од коронавирусот, во оваа анализа покажува дека реалниот број е значително полош – рече директорот на институтот д-р Крис Мареј во изјавата што следеше по објавувањето на резултатите.
– Разбирањето на реалниот број на смртни случаи од ковид-19 не само што ни помага да ја согледаме големината на оваа глобална криза, туку исто така им дава вредни информации на креаторите на политиките при развивање планови за одговор и закрепнување – додава Мареј.
Пропустите не се намерни, туку поради сериозно погодените здравствени системи
Д-р Мареј на прес-конференцијата истакна дека пропустите во запишувањето на реалниот број не биле нужно намерни.
– Главно, тие ненамерно исчезна, бидејќи здравствените системи беа силно погодени – рече Мареј, пренесе „The Seattle Times“.
– Исто така, гледаме дека особено малку смртни случаи беа пријавени во декември, кога зимскиот бран започна да се развива и празниците значеа дека системите за известување не функционираат целосно – додава тој.
Вкупниот број во неколку други земји е намален за најмалку 400.000, велат истражувачите. Индија, со вистински 654.395 во споредба со пријавените 221.181, се истакна особено силно со оглед на тамошната криза.
Премногу претпоставки и шпекулации
Додека некои ја поздравија студијата како поточен показател за реалната скала на пандемијата, други сметаа дека тоа е потенцијално претерување.
– Мислам дека целокупната порака за ова (дека смртните случаи се значително потценети, а на некои места и повеќе отколку на друго место) е веројатно гласна, но апсолутните бројки се пониски од многу причини – изјави епидемиологот од Харвард, Вилијам Ханаџ, за „NPR“.
„Нивната проценка за повеќе смртни случаи е огромна и е во спротивност со нашето истражување и истражувањето на другите. Многу претпоставки и шпекулации се вградени во нивниот модел – изјави за „NPR“ д-р Стивен Вулф, кој го водеше претходното истражување.
Мареј верува дека оваа студија во најмала рака укажува на трајно и најверојатно потценето влијание на оваа чума.
– Анализата само покажува колку било предизвик за време на пандемијата точно да се следи смртноста и, всушност, пренесување на ковид-19 – рече тој.
– И фокусирајќи се на вкупната стапка на смртност од ковид-19, мислам дека откриваме колку влијание имал коронавирусот досега и колкаво може да биде во иднина – вели Мареј.