Андреј Тасев избран за член на Регулаторната комисија

1,133

Собранието на 39 седница денеска го избра Андреј Тасев за член на  за енергетика и водни услуги, а беа донесени и повеќе одлуки за распишување јавни конкурси меѓу кои и за именување на членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, и за  именување на членови на Програмскиот совет на Македонската радио-телевизија.

Пратениците на седницата ги донесоа и одлуките за распишување јавен оглас за избор на здруженија од областа на човековите права, полициското право и правосудството, одлуката за објавување јавен оглас за именување член на Комисијата на Агенцијата за електронски комуникации, јавен оглас за избор на членови на Државниот совет за превенција на детско престапништво, јавен оглас за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, како и одлуката за објавување јавен оглас за назначување на претседател и членови на Советот за граѓански надзор и за објавување јавен оглас за именување на член на Државната комисија за жалби по јавни набавки.






Беа усвоени и Законот за ратификација на Договорот меѓу страните на Северноатлантскиот Договор за безбедност на информации, потоа Програмата за изменување на Среднорочната програма за формирање, чување, обновување и користење на стоковните резерви за период 2021-2025 година, како и измените на Законот за данокот на добивка, Предлог на закон за прогласување на дел од Шар Планина за Национален парк  и измените и дополнувањата на Законот за служба во Армијата на Република Северна Македонија, сите три во прво читање, кои се даден на натамошна постапка.

Беше усвоен и Законот за изменување и дополнување на Законот за финансиска поддршка за намалување на последиците предизвикани од коронавирусот врз производството, откупот на грозје и винската индустрија, по скратена постапка, измените и дополнувањата на Законот за управна инспекција, исто по скратена постапка.

За сите закони што денеска беа усвоени гласаа и пратениците од опозицијата.

Претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина седницата и најави продолжение за утре, а дополнително ќе информира по кои седници ќе се работи.

Претходно пратениците денеска во рамки на продолжението на 30-тата и 34-та седница изгласаа четириесетина закони за коишто расправата беше завршена претходно. На 30-та седница не се изгласани само два закона и тоа Предлог на закон за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на јавни претпријатија, по скратена постапка и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за земјоделското земјиште, во прво читање.

 

Поврзани содржини