Полицискиот час се враќа од вечерва

973

По синоќешната вечер пред Велигден без рестрикции на движење, полицискиот час се враќа на сила од вечерва  и ќе трае секој ден до 15 мај, од 21 часот навечер до 5 часот наутро.

Без полициски час ќе биде и вечерта на 12 кон 13 мај, за муслиманскиот празник Рамазан Бајрам.






Според министерот за здравство Венко Филипче, двете празнични вечери се воведени за граѓаните да можат да се чувствуваат слободно за време на двата големи верски празници.

Повикот на здравствените власти и на верските водачи до граѓаните е да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот, пред сѐ за себе и здравјето на своите најблиски.

Поврзани содржини