Три илјади луѓе со негативен ПЦР тест се журкаа во Ливерпул

531

По повеќе од една година љубителите на ноќниот живот во Ливерпул конечно уживаа. Три илјади луѓе синоќа се собраа на огромна забава во ноќниот клуб Circus (некогашен магацин), а други 3.000 ќе се забавуваат утре на истата локација.

Всушност станува збор за нов проект, со кој се истражува потенцијалното пренесување на коронавирусот во ситуација кога сите присутни на забавата пристигнале со најнов негативен ПЦР тест.






Тестот бил доволен за влез на забавата, не биле потребни ниту маски, ниту одржување дистанца. Луѓето се прегрнувале и танцувале едни до други, како во „добрите стари времиња“.

– Луѓето се поттикнати да танцуваат, да се испотат, да уживаат, односно да се однесуваат како да е се нормално. На некои тоа им беше сосема нереално и чудно што никој не носи маска 0 изјави еден учесник на забавата за Скај Њуз.

Поврзани содржини