Во Германија за еден ден вакцинирани милион луѓе

За првпат во рок од еден ден успеавме да вакцинираме повеќе од 1 отсто од населението – вели министерот за здравство.

408

Германија вчера забележала нов дневен рекорд на број на вакцинирани со повеќе од еден милион имунизирани граѓани., изјавил министерот за здравство Јенс Шпан и додал дека истовремено е успорен третиот пандемиски бран.

– За првпат во рок од еден ден успеавме да вакцинираме повеќе од 1 отсто од населението – вели министерот за здравство.






Тој објаснил дека досега првата доза ја примиле 25,9 отсто граѓани на Германија, а целосно се вакцинирани 7,5 отсто граѓани.

Државниот епидемиолошки институт Роберт Кох денеска за цела Германија забележана е седмодневна инциденца од 154,9, што е помалку од средата, кога инциденцата изнесувала 160,6.

Директорот на Институтот Роберт Кох, Лотар Велер изјавил дека инциденцата на подрачјето на целата земја е стабилизирана помеѓу вредностите од 150 и 170.

– Ни успеа малку да го закочиме третиот бран на пандемијата. По Велигден експоненцијалниот раст не се развиваше според прогнозите – изјавил тој.

Поврзани содржини