Зеленски не оди на средба со Путин во Москва

Според Резников, Зеленски може да разговара со Путин пред се за крајот на војната во Донбас, а дури потоа за обновување на билатералните односи.

434

Украинскиот претседател Володимир Зеленски нема да отпатува за Москва на разговори со рускиот лидер Владимир Путин, изјави украинскиот вицепремиер Алексеј Резников.

Руските медиуми го цитираат Резников во оценката дека официјален Киев „ја смета Русија за земја агресор“ и дека руските трупи се наоѓаат во Донбас, на истокот од Украина.






Според Резников, Зеленски може да разговара со Путин пред се за крајот на војната во Донбас, а дури потоа за обновување на билатералните односи.

Меѓутоа, додаде тој, еден ваков сериозен состанок не може да се одржи во Москва.

– За време на војната, да се оди во главниот град да се сретнете со човек кој е претставник на земјата агресор, ми се чини дека е прилично чуден предлог – рече украинскиот вицепремиер.

Зеленски неодамна со видео порака до Путин предложи да се сретнат во Донбас, а претседателот на Русија одговори дека Киев треба да води дијалог прво со раководството на Народните републики Доњецк и Луганск, а дури потоа со Кремљ.

Путин, истовремено, истакна дека е подготвен во секое време да го прими Зеленски во Москва, доколку сака да разговараат за билатералните односи.

Поврзани содржини