Во ковид центрите се лекуваат 1.699 граѓани, има 335 празни кревети
Во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 69 нови пациенти поради компликации од корона вирусот.
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 998 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. Вкупно 702 лица сомнителни и потврдени за ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, информира Министерството за здравство.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 150 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во болницата во Штип е хоспитализиран 87 пациент. На инфективното одделение во Тетово има 39 пациенти, во Велес се лекуваат 87 болни, а во Куманово 97 пациенти позитивни и суспектни на ковид- 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 105 пациенти, во Прилеп 118 во ковид центарот во Гостивар 42, а во Струга 22 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 95 пациенти, во Кочани 38 во Кичево 35, Кавадарци 57, а во Гевгелија 26 лица позитивни и суспектни на корона вирусот.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.699 и има околу 335 празни болнички кревети во ковид центрите.
Во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 69 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 702 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 32 приеми.
Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 12 примени пациенти и 12 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле не биле примени нови болни, а 4 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени 9 пациенти.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 59 оздравени пациенти.
Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 315 пациенти.
Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 140 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 153 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 29 пациенти. На Клиниката за детски болести има 11 деца позитивни на ковид-19 вирусот, а на ГАК има 3 позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 58 болни.
Вкупно 702 пациенти потврдени и сомнителни за ковид- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 85 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.