На 46 години во Австралија почина поранешниот репрезентативен голман Гоце Груевски

1,667

Поранешниот македонски репрезентативен голман Гоце Груевски почина на 46 години во Австралија.

Груевски кариерата ја почна во Победа, а потоа бранеше и за Слога, Работнички, Беласица и Вардар од каде замина во австралиски Престон Лајонс.






По завршувањето на играчката кариера, Гоце Груевски, работеше како тренер на голманите во Престон.

За смртта на Груевски клубот од Мелбурн објави на социјалните мрежи

Поврзани содржини