КСС со предупредувачки протест пред Владата на 15 април

Одлуката за протестот е донесена на највисокиот орган на синдикатот на 7 април. Протестот ќе почне од булеварот Гоце Делчев спроти Македонска телевизија, преку Собранието, a ќе заврши пред Владата.

472

Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) најавува предупредувачки протест на 15 април незадоволна од актуелната ситуација во државата во однос на работничките права.

Одлуката за протестот е донесена на највисокиот орган на синдикатот на 7 април. Протестот ќе почне од булеварот Гоце Делчев спроти Македонска телевизија, преку Собранието, a ќе заврши пред Владата.






Претседателот на КСС Благоја Ралповски на денешната прес-конференција рече дека македонскиот работник е осиромашен и не може да ја преживее кризата, се отпуштаат работници и се принудуваат да потпишуваат спогодбено договори за отказ.

Според Ралповски, апсурдно е да се зборува за зголемување на минималната плата од 1,7 проценти кога инфлацијата во март е 2 проценти. Од КСС посочуваат дека се вршат притисоци врз синдикалните лидери и се одоговлекуваат претставките во судовите поднесени од страна на синдикатите.

– Со овој предупредувачки протест ги повикуваме надлежните да седнат и сериозно да ги разгледаат нашите барања кои не се илузија, туку барања за имплементирање на постоеките закони – рече Рапловски, додавајќи дека официјално 50 до 60 илјади работници ја имаат изгубено работата, а нови отпуштања се очекуваат во угостителскиот сектор кој е затворен со новите рестриктивни мерки.

Поврзани содржини