Агресијата и депресијата, менталното здравје, вакцините и етиката за време на ковид пандемијата
На Светскиот ден на здравјето - 7 април, Светскиот форум за етика во бизнисот со седиште во Брисел, организира виртуелен самит. Темата на овој самит е: „Промена на парадигмите во пандемискиот свет - Како да се врати довербата? Здравје, среќа и етика“.
По повод Светскиот ден на здравјето – 7 април, Светскиот форум за етика во бизнисот со седиште во Брисел, организира самит, виртуелен настан кој ќе се одржи на овој ден, а ќе трае од 13 до 19 часот.
Темата на самитот е: „Промена на парадигмите во пандемскиот свет – Како да се врати довербата? Здравје, среќа и етика“. Ќе се говори за етичките импликации, последици од пандемијата, активностите потребни за подобрување на индивидуалното здравје и благосостојба во овие невидени времиња. Целта на овој настан е пронаоѓање на правиот пат и најдоброто решение за зголемување на етиката и вредностите во напорите за подобрување на физичкото и менталното здравје во целиот свет.
Генералниот директор на СЗО, д-р Тедрос Аданом Гебреизус, глобалниот хуманитарец Шри Рави Шанкар, шефови на држави, министри за здравство, извршниот директор на Фајзер во Индија, како и директорот на УЕФА, ќе бидат меѓу главните говорници на овој самит, домаќин на повеќе од 100 учесници на тематски панел-дискусии и на 23 работилници.
Преку тематските панел дискусии и интерактивни работилници, овој настан ќе ги обедини
водечките засегнати страни од политиката, бизнисот, академиците и граѓанските општества за
да најдат одговори како граѓаните подобро да се движат низ пандемијата и времето што
доаѓа. Конференцијата, исто така, ќе предложи алатки и најдобри практики за поддршка на
менталното здравје на граѓаните.
Во центарот на вниманието на дискусиите, главни теми ќе бидат агресијата и депресијата,
менталното здравје, како да се најде решение за етичката и моралната криза во лидерството
за време на пандемијата со Ковид-19, холистички пристап кон одржување на здравјето и
благосостојбата, закана од национализам на вакцините, улогата на медиумите и влијанието
врз спортот.
Потврдени говорници кои ќе учествуваат на настанот се: д-р Тедрос Аданом Гебреизус, генерален директор на Светската здравствена организација; Шри Шри Рави Шанкар, основач на Светскиот форум за етика во бизнисот и основач на фондацијата „Уметност на живеење“; претседателот на Суринам; премиерот на Словенија; вицепремиерите на Белгија и Маурициус; министрите за здравство од Велика Британија, Оман, Суринам и Гвајана; министерот за одбрана на Суринам; поранешниот премиер на Норвешка, Кјел Магне Бондевик; д-р Роланд Кох, претседател на фондацијата „Лудвиг Ерхард“ и претседател на Надзорниот одбор на УБС; директорот на Фајзер во Индија, д-р С. Сридар; Микеле Ува, директор за фудбал и социјална одговорност во УЕФА; експертот за животна средина и поранешен шеф за животна средина на ООН, Ерик Солхајм и многу други.
Во програмата исто така ќе земат учество со дискусија претставници од повеќе познати фармацевтски компании.
Целосниот список на учесници е достапен на https://wfeb.org/pandemicworld
„Пандемијата на коронавирусот создаде глобална криза со далекусежни социјални, економски и здравствени последици. Нашата издржливост во овие тешки времиња се тестира не само од тоа како се бориме против ширењето на вирусот, туку и од тоа како го извлекуваме доброто од ситуацијата.
Ова бара наше колективно делување. Ова е огромна криза, но исто така и можност да размислиме за нашите животи и да ги редефинираме нашите улоги и одговорности“, вели Шри Шри Рави Шанкар, основач на Светскиот форум за етика во бизнисот.
Преку социјалните медиуми, овој настан ќе го следат околу два милиони гледачи во повеќе од
100 земји. Претходните виртуелни конференции организирани од Светскиот форум за етика во
бизнисот имаа гледаност од 1,75 милиони следачи преку интернет во 100 земји.
Учеството на конференцијата е бесплатно. Потребна е претходна регистрација на
https://wfeb.org/pandemicworld
За повеќе информации и за поставување прашања за медиумите ќе биде достапна виртуелна
говорница на 7 април во 14 и 30 часот. Барањата за учество треба да се испратат на [email protected] со валидни информации за медиумот. Акредитацијата е резервирана исклучиво за професионалци во медиумите.
Конференцијата е организирана од Светскиот форум за етика во бизнисот, регистрирана
фондација за јавен интерес со седиште во Белгија. Преку наменски програми во Европскиот
парламент и соработка со институции како што се ФИФА, Обединетите нации, Институт Макс
Планк, ФК Унија Берлин, Анти-допинг Норвешка, ДПМА, ЕПО и Техничкиот универзитет во
Минхен, како и преку глобални лидерски интервенции, Светскиот форум за етика во бизнисот
се залагаше и дејствуваше кон етика, одржливост, добро управување и споделување
вредности на глобално ниво веќе 18 години. Светскиот форум за етика во бизнисот има
посебен консултативен статус во Економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации. Овој
Светски форум за етика и бизнис е основан од Шри Шри Рави Шанкар и е управуван од
глобален одбор на директори. Дополнителни информации се достапни на www.wfeb.org.
Фото: Pixabay