Ангеловски победата ја посвети на сопругата која водела тешка битка со ковид-19
Од пред два дена таа е дома, и овој резултат им го посветувам на неа и на моите деца - откри Игор Ангеловски.
Македонија направи чудо, ја победи Германија на нејзин терен со 2-1, нашите фудбалери направија сензација.
По мечот селекторот победата ѝ ја посвети на својата сопруга, која пред извесно време водела битка со ковид-19.
– Оваа победа сакам да ѝ ја посветам на мојата сопруга, која до неодамна водеше битка со ковид-19 со тешки симптоми во една од приватните болници. Од пред два дена таа е дома, и овој резултат им го посветувам на неа и на моите деца – откри Игор Ангеловски.
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски, целата заслуга за историскиот триумф (2:1) над Германија ја препиша на неговите избраници.
– Моите фудбалери се изборија за овој историски успех. Победивме четирикратен светски и трикратен европски шампион кој имаше 20-годишна традиција без пораз. Кој, ако не ние, односно нашите фудбалери не ја срушат таа традиција. Тие се нашите спортски херои, тоа се истите кои ја кренаа на нозе нацијата по пласманот на Европското првенство. Радувај се Македонијо и слави ги овие херои – рече селекторот.