Внимавајте кому ги доверувате парите: „Finance group 1“ нема дозвола за работа ниту во С Македонија ниту во Бугарија

Оваа група, како што информираат од КХВ нема лиценца ниту пак друштвата од Бугарија преку кои се нудат услугите немааат лиценца за работа ниту во Бугарија.

590

Комисијата за хартии од вредност информира дека вршејќи ја својата надзорна функција утврди дека одреден временски период на граѓаните и на правните лица им се нудат нелиценцирани финансиски услуги за тргување во странство од страна на посредници кои немаат добиено дозвола за вршење на такви услуги.

Во соопштението наведуваат дека „Finance group one“ https://financegroupone.com/ е назив кое правното лице го користи за контакт при нудење на овие услуги во земјава, а нема дозвола од КХВ да нуди услуги за инвестирање во странство на македонски резиденти .






КХВ ја предупредува јавноста дека ваквите активности се забранети со член 96 од Законот за хартии од вредност, според кој услуги со хартии од вредност можат да вршат само правните лица кои добиле дозвола од Комисијата за хартии од вредност.

Комисијата има сознанија дека се нудат услуги за инвестирање надвор од државата преку бугарски правни субјекти преку GRAND EASTERN MARKET (Гранд Истърн Маркет“ ЕООД, ЕИК 206099297), · GRAND SPOT MARKET („Гранд Спот Маркет“ ЕООД ЕИК: 206103621), MARKET PROGRESS (Маркет Прогрес ЕООД ЕИК 206229125) , ALTERNATIVA BG (Алтернатива БГ“ ЕООД (преименувано на „Булион Ваулт ЕЕ“), ЕИК 2053260185), GRAND RESEARCH (ГРАНД РИСЪРЧ“ ЕООД ЕИК 206027740 (преименувано на „Пост Гранд Рисърч ЕООД“)) и FIN ENGINEERING INCOME („ФИН ИНЖИНЕРИНГ ИНКЪМ“ ЕООД, ЕИК 206058610 (преименувана на „Пост Фин Инжинеринг Инкъм“ ЕООД).

Ови друштва, додаваат од Комисијат за хартии од вредност, немаат дозвола за работа и во Бугарија.

– Бугарскиот надлежен орган на веб страната https://www.fsc.bg/en/news/list-of-the-non-licensed-investment-intermediaries-by-fsc-10246.html ги има претставено како субјекти кои нудат нелиценцирани услуги во Република Бугарија – велат од КХВ.

Комисијата за хартии од вредност ги повикува и сегашните и потенцијалните инвеститори пред да носат одлуки за инвестирање детално да се информираат за ризиците и за легитимноста на правните и на физичките лица кои им нудат услуги, односно да проверат дали тие се лиценцирани субјекти за тоа во Северна Македонија или пак во државата од која доаѓаат. Сите регулаторни органи, вклучително и Комисијата за хартии од вредност, посочуваат, на своите веб страници имаат регистри на лиценцирани правни субјекти кои можат да нудат услуги на инвеститори.

КХВ напоменува дека инвестирањето преку нелиценцирани правни лица претставува забрането дејствие кое како противзаконита активност подразбира сериозна закана со исклучително висок ризик, инвестираните средства никогаш да не им бидат вратени на лицата, бидејќи меѓу другото нема и регулаторни механизми за заштита

Поврзани содржини