Џафери: Јас не сум Фејсбук политичар туку практичар кој почитува прописи
Дали сте свесни дека денеска правите преседан кој го нема направено ниту еден претседател на парламент во изминатит 30 години. Дека првпат се прекинува седница за пратенички прашања и дека никогаш во ден за пратенички прашања не се закажува друга седница, обвини координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски.
Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мцевски побара пауза еден час бидејќи опозицијата сака да ги види материјалите оти, како што кажа, претседателот на Собранието Талат Џафери шверцерски закажува седница.
– Дали сте свесни дека денеска правите преседан кој го нема направено ниту еден претседател на парламент во изминатит 30 години. Дека првпат се прекинува седница за пратенички прашања и дека никогаш во ден за пратенички прашања не се закажува друга седница. Го кратите рокот на седницата, а имате предлог од ВМРО-ДПМНЕ за елегантено да го решите ова прашање. На насилнички начин го менувате дневниот ред. Нашиот предлог ви е на масса. На паузата да закажеме седница на која ќе се изгласа дневниот ред од четирите точки – рече Мицевски.
Џафер возврати дека точките кои ги бара опозицијата се на седница и дека нивна е одлуката.
– Јас нема да правам преседан за исти точки кои се на седница да свикам нова седница.Јас не сум фејсбук политичар туку практичар кој спроведува прописи – рече Џафери.
Координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески повика на разум.
– Повикувам да има седница за да им излеземе во пресрет на граѓаните и фирмите и дека таа не е криминална седница и за тоа треба да им се извините на граѓаните. Влезете во сала дај да завршиме седницата и повторувам нека се продолжат после пратеничките прашања, мнозинството ќе се откаже од поставување прашања – рече Митрески.
И Арбр Адеми од ДУИ рече дека пратениците од ДУИ ќе се откажат од поставување пратенички прашања во полза на опозицијата.
Џафери прогласи пауза од еден час и ги повика шефовите на пратеничките групи на координација.