Принцот Хари се вработи, во новата фирма веднаш стана шеф

965

Британскиот принц Хари (36) ја прифати работата во компанијата „Бетерап“, која се занимава со обука за живот и за ментално здравје, во Калифорнија.

Принцот Хари неодамна се пожали во интервјуто кај Опра Винфри дека неговото семејство го стопирало неговото финансирање откако одлучи со својата сопруга Меган Маркл да отстапат од кралските должности. Тие тогаш рекоа дека сакаат да се осамостојат и финансиски, односно сами да заработуваат за живот.






Според бројни американски медиуми, се чини дека конечно му успеа на Хари да ја најде вистинската работа. Хари станува дел од успешен американски стартап, односно технолошката компанија „Бетеруп“ (BetterUp), која преку својата брзо развивачка платформа нуди персонализирана психолошка помош и услуги на т.н. тренер за живот. Се разбира, тој веднаш доби една од раководните позиции.

Тој ќе учествува во иницијативиte како што се одлуки за стратегија за доделување доброволни прилози и ќе зборува јавно на теми поврзани со менталното здравје, објави „Скај њуз“.

На веб-страницата на организацијата, Хари е опишан како хуманитарец, воен ветеран, заговорник за менталното здравје и екологист.

Принцот потврди за „Волстрит журнал“ дека ја прифатил понудата на компанијата и дека се надева дека наскоро ќе им помогне на луѓето, исто како што оваа платформа му помагаше лично во последните месеци.

Хари претходно објави како се гледа себеси во оваа индустрија. Тој рече дека би сакал да работи на проблеми со менталното здравје, иако тоа сигурно не е негова професија. Она што веројатно може да го стори со своето влијание е да привлече дополнително внимание на проблемите со кои се повеќе луѓе се соочуваат.

Поврзани содржини