Издржете уште денеска, од утре следува стабилно време

Од утре следува период на стабилно време. До сабота ќе биде со ниски утрински температури, кои на повеќе места ќе бидат под нулата, а дневните ќе бидат во пораст.

1,972

Времето денеска ќе биде променливо облачно, студено и ветровито. Претпладне во северните и источните делови со повремени врнежи од снег со послаб интензитет. Ќе дува засилен северен ветер, кој во источните делови и вдолж Повардарието ќе достигнува брзина и над 60 километри на час. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 0, а максималната од 4 до 12 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, во раните утрински и претпладневни часови со повремен слаб снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 7 степени.






Од утре следува период на стабилно време. До сабота ќе биде со ниски утрински температури, кои на повеќе места ќе бидат под нулата, а дневните ќе бидат во пораст.

Поврзани содржини