Државата Сан Марино годинава на Евровизија ќе ја претставува пејачот Сенхит (41), а во изведбата на песната „Адреналин“ ќе ѝ се придружи популарниот рапер Фло Рида (41), чии хитови се песни како „Whistle“, „Good Feeling“ и „Right Round“.
Фло Рида се појавува и во официјалниот спот на евровизискио јутјуб-канал, а луѓето потоа почнаа да се прашуваат дали раперот ќе запее заедно со Сенхит и на евровизиската сцена.
Сенхит беше наведена на веб-страницата на Евровизија како соло изведувач, но сега откри дека, сепак, има шанси да не настапи сама.
– Доколку околностите го дозволат тоа, секако дека Фло Рида ќе биде на евровизиската сцена. Му се јавив Ја слушна песната, му се допадна и сакаше да учествува, па затоа го поканив да дојде на Евровизија да го претставува Сан Марино – изјавила таа за „Евровизија планет“.
– Најважно е песната да ве придвижи, да ве охрабри да танцувате и ослободувате адреналин, со или без Фло Рида – додала таа.
Пејачката во моментот е на 12-то место со својата песна.
View this post on Instagram
View this post on Instagram