Јунајтед потпиша рекорден спонзорски договор
Германскиот технолошки гигант ќе го замени „Chevrolet“, со кој „црвените ѓаволи“ соработуваат од 2014 година.
Манчестер Јунајтед го потпиша најголемиот договор за рекламирање меѓу екипите во историјата на Премиер лигата. Клубот потпиша 5-годишен договор со германската компанија за софтвер „TeamViewer“. Договорот, кој стапува на сила од почетокот на сезоната 2021/22, вреди 235 милиони фунти, или околу 47 милиони фунти по сезона.
Германскиот технолошки гигант ќе го замени „Chevrolet“, со кој „црвените ѓаволи“ соработуваат од 2014 година.
Ова е најголемиот договор за рекламирање на спортски клуб од почетокот на пандемијата и рекорд за договор за рекламирање за спонзорство само на официјалниот дрес. Дополнително, клубот е пред објавување на договор за спонзорство на облеката за тренинг.
Управниот директор на Јунајтед, Ричард Арнолд објасни дека понудата на „TeamViewer“ не е највисока, но тие ја избраа затоа што компанијата ќе им даде на „црвените ѓаволи“ многу повеќе од пари.
Надежите на управата на клубот се дека германската компанија ќе помогне во комуникацијата и ангажманот со навивачите, кои поради денешната пандемија не можат да присуствуваат на натпреварите на „Олд Трафорд“.
По објавувањето на зделката, акциите на „TeamViewer“ паднаа за 16%.
Зделката е слична на онаа на Барселона. Каталонците потпишаа договор со „Rakuten“ за околу 55 милиони евра годишно или 47 милиони фунти.