Навални: Затворен сум во концентрационен логор

Не се знае точно каде се наоѓа Навални, откако неговиот правен тим минатата недела соопшти дека тој бил пренесен од затворот во близина на Колчугино и не им било кажано каде е однесен.

479

Рускиот опозиционер Алексеј Навални, кој помина две и пол години во затвор надвор од Москва, денеска изјави дека е затворен во „вистински концентрационен логор“.

„Морам да признаам дека рускиот затворски систем успеа да ме изненади. Немав идеја дека е можно да се создаде вистински концентрационен логор на 100 километри од Москва“, напиша Навални на Инстаграм со неговата фотографија.






Тој додаде дека се наоѓа во казнената колонија број 2 во градот Покров во Владимирската област.

Не се знае точно каде се наоѓа Навални, откако неговиот правен тим минатата недела соопшти дека тој бил пренесен од затворот во близина на Колчугино и не им било кажано каде е однесен.

Навални (44), еден од најпознатите критичари на рускиот претседател Владимир Путин, беше затворен на почетокот на оваа година со пресуда за која западните земји ја осудија како политички мотивирана.

Поврзани содржини