Пливачката која синоќа се врати од Белград со златен медал, морала да чека 2 часа за да влезе во Македонија

Нашата пливачка ѕвезда Ева Петровска која на квалификацискиот натпревар во пливање за претстојните Олимписки игри во Токио 2021. го освои златниот медал во трката на 1500 метри, и покрај уредната најава до МВР, синоќа морала да помине речиси два часа чекајќи да ѝ дозволат да влезе во својата држава.

2,094

Од 12. до 14.март, во Белград се одржа квалификациски натпревар во пливање за претстојните Олимписки игри во Токио 2021. на кој нашата 16-годишна пливачка ѕвезда Ева Петровска го освои златниот медал во трката на 1500 метри, но и две сребрени, во трките на 400 и 800 метри. За трката на 400 метри Ева доби уште еден златен медал за јуниори, бидејќи Словенката која победи на оваа трка е во групата сениори.






Ева Петровска стигна до златниот медал на трката на 1500 метри поминувајќи ја делницата на отвореното првенство на Србија во пливање за време од 17:25.35 минути што е за неверојатни 50 секунди подобро од второпласираната на трката Надја Лазаревиќ од Србија. Времето пак кое го постави Петровска е за дури десет секунди побрзо од времето кое таа го постави на Светското првенство во Гвангжу во 2019. година.

И покрај сите успеси и полна торба медали, младата пливачка ѕвезда синоќа, заедно со тренерот и уште двајца пливачи, морала да чека на македонската граница да ѝ се смилостиват и да ја пуштат да си оди дома.

Имено, и покрај уредната најава до МВР дека, со оглед на тоа што трките се одржуваат во попладневните часови, постои можност да стигнат во Македонија после 22 часот, односно, по отпочнувањето на полицискиот час, таа синоќа морала да помине речиси два часа на македонската граница.

На нашата граница стасале во 23 часот и 30 минути и ги држеле таму до 1 часот, кога по ургенциите по приватни канали, конечно им дозволиле да си влезат дома.

Толку од радоста за постигнатиот успех во свое, и во име на својата држава.

Поврзани содржини