Аеродромци ќе добијат нов урбан парк

Жителите на оваа Општина наскоро ќе добијат современ парк со површина од 2.500 квадратни метри, кој ќе содржи зелени површини, пешачки патеки со клупи, спортско игралиште за рекреација на младите и детско игралиште.

779

Почна изградбата на новиот урбан парк што ќе се протега меѓу булеварот Трета македонска бригада и касарната „Гоце Делчев“ на улица „1615“.

Аеродромци наскоро ќе добијат современ парк со површина од 2.500 квадратни метри, кој ќе содржи зелени површини, пешачки патеки со клупи, спортско игралиште за рекреација на младите и детско игралиште.






– Почнуваме со изградба на нов парк покрај булеварот Трета македонска бригада на површина од 2.500 квадратни метри. Ова место коешто претставуваше див паркинг, неуреден и неосветлен простор, прераснува во прекрасно уреден урбан парк приспособен за сите генерации. Се радувам што и жителите на овој дел од Аеродром ќе добијат свое катче за рекреација и дружење. Паркот ќе содржи зелени површини, пешачки патеки со клупи, спортско игралиште за рекреација на младите и детско игралиште – изјави градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин.

Ова е еден од низата паркови што ги изгради Општина Аеродром во изминатиот период. Нови урбани паркови се изградија во населбата Мичурин, каде што во соработка со Град Скопје е уреден и делот покрај Железничката станица, кој со години претставуваше запуштено и заборавено место.

Општина Аеродром изгради нов парк и на улицата Методија Шаторов-Шарло, а во тек е изградбата и на паркот на улицата Пандил Шишков во населбата Стар Аеродром. Пред извесен период беше комплетиран и современиот парк Бојмија во населбата Острово.

Неодамна Град Скопје ја уреди и зелената запуштена површина меѓу булеварот Јане Сандански и улицата 23 Октомври.

Општината продолжува да ги претвора сите простори што го дозволуваат тоа во прекрасни уредени места каде што граѓаните ќе можат да минуваат пријатни моменти.

Поврзани содржини