„Ла верита“ ги објави писмата на Филипче: Фирмата „Старби“ во Хонг Конг немала фармацевтско портфолио
Во писмата е вклучена друга фирма, различна од оние кои беа споменати од страна на македонскиот премиер за време на вчерашната прес-конференција, писма кои би можеле да го појаснат мотивот зошто не се воспоставила соработката со Пекинг“, пишува италијанскиот весник.
Италијанскиот весник „Ла Верита“ денеска ги објави писмата на министерот за здравство Венко Филипче за набавка на вакцини од Кина кои се однесуваат на фирмата „Starbi International“ во Хонг Конг за која весникот тврди дека е фантомска.
Според регистарот во Хонг Конг фирмата нема медицинско ниту фармацевтско портфолио, а била регистрирана во 2017 година, пет месеци по формирањето на владата на Зоран Заев.
„Следствено на објавената анализа вчера од „Ла Верита“, околу модалитетот на барање дози на пазарот на вакцините од страна на власта, премиерот Зоран Заев призна дека платениот аванс на Кина за да ги добие продуктите од Синофарм, бил вратен, а вакцините не се добиени поради вклучувањето на странски фирми како посредници. „Ла Верита“ ги поседува писмата на министерот за здравство Венко Филипче во кои е вклучена друга фирма, различна од оние кои беа споменати од страна на македонскиот премиер за време на вчерашната прес-конференција, писма кои би можеле да го појаснат мотивот зошто не се воспоставила соработката со Пекинг“, пишува италијанскиот весник.