Полицискиот час од утре во 22 часот
Полицискиот час ќе се реализира од 10 до 22 март и ќе трае седум часа во текот на денот од 22 до 5 часот следниот ден.
Владата на денешната седница ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести и Кризниот штаб за воведување на полициски час во траење од 22 до 5 часот следниот ден. Мерката ќе се спроведува до 22 март во 5 часот.
Оваа информација ја соопшти премиерот Зоран Заев на денешната прес конференција.
– Одлуката е донесена на основа на записникот на Кризниот штаб и ќе се спроведува во наедрните неполни две недели од утре во 22 часот до 5 часот на 22 март – рече Заев.
Тој рече и дека во наредниот период ќе се следи состојбата и соодветно ќе се реагира.
– Во март се верските празници, посебно рамазанските пости и тоа ќе се следи- рече заев.
Тој информира и дека е донесена одлука за задолжителен карантин во трање од вде недели за сите кои се враќаат од патување во Јужна Африка и другите држави од Африка, како и за странските патници кои доаќаат од Африка.
– Ќе биде организиран државен карантин за сите странци кои доаѓаат од Африка – рече Заев.
Тој најави детали на посебна пресконференција.