Фондацијата „Никола Јанчев“ донираше комплетен систем за централен довод на кислород до секој кревет во модуларната ковид-болница во рамки на Општа болница со проширена дејност Кавадарци.
Системот е поврзана со линии за централен довод на кислород со што се олеснува работата на медицинскиот персонал и безбедноста на здравјето на пациентите.
Набавката и монтажата на целокупниот системот за централен довод на кислород е во вредност од 1,5 милион денари, средства обезбедени од фондацијата „Никола Јанчев“ и компанијата „Кожувчанка“.