По сестрата, сега и братот ја тужи Мараја Кери

1,053

Морган Кери, постариот брат на пејачката Мараја Кери, ја тужи за нанесување душевна болка и нарушување на угледот, пишува Би-би-си.

Морган (61) сака отштета бидејќи неодамна објавените мемоари на пејачката ја споменуваат неговата насилна природа. Како резултат на тоа, тој претрпел екстремна душевна болка и сериозно нарушување на неговата репутација, тврди Морган.






„12 полицајци мораа да ги разделат брат ми и татко ми“, напишала Мараја во книгата, присетувајќи се на наводна семејна тепачка што се случила во нејзиното детство. Од друга страна, Морган тврди дека настанот бил целосно измислен и дека во нормална ситуација, само еден или двајца полицајци би излегле на терен поради пријавено семејно насилство.

Морган се осврнал и на другите делови на мемоарите, па својата сестра ја тужи за нејзиното тврдење дека се обидел да изнуди пари од неа кога таа станала успешна.

„Тој во никој случај не е љубоморен на огромниот уметнички и личен успех на неговата сестра“, стои тужбата што ја предал на судот на Менхетен.

Оваа тужба пристигнува само еден месец откако Мараја Керибеше обвинета и од нејзината сестра која бара милиони долари отштета, а исто така, поради мемоарите. Таа тврди дека обвинувањата дека ѝ давала таблети за смирување на 12-годишната Мараја во тоа време, дека се обидела да ја подведува и дека ја полила со врел чај, не се точни и служат само за да ја понижат и засрамат.

 

Поврзани содржини