Меган Маркл (39) носела обетки што ѝ ги подарил принцот на Саудиска Арабија на државната вечера во време кога сите светски лидери го осудувале за убиството на новинарот Кашоги, пишува „Бизнис инсајдер“.
Имено, новинарот Џамал Кашоги, кој бил колумнист во „Вашингтон пост“ и критичар на Мохамед бин Салман, е убиен во октомври 2018 година од саудиски агенти.
Осум лица се осудени за неговото убиство, но токму принцот Салман е обвинет од светските лидери, бидејќи за него работеле неколку агенти вклучени во смртта на новинарот.
Извештајот од агенцијата ЦИА кој американскиот претседател Џо Бајден го објави минатата недела, открива дека принцот Салман го одобрил убиството на господинот Кашоги во саудискиот конзулат во Истанбул, Турција.
Војвотката од Сасекс во тоа време била забележана како носи обетки од скапата јувелирница „Шопард“ во текот на првата ноќ на државната посета на Фиџи, три недели по убиството на Кашоги.
Според „Тајмс“, прес-службата на палатата Кенсингтонската палата тогаш во медиумите изјавила дека обетките биле позајмени, но не сакале да кажат од кого.
Изворот потоа рекол дека персоналот во Лондон, одговорен за регистрацијата на кралските подароци, подоцна ги препознал како свадбен подарок од принцот Салма, кој ѝ подарил токму на Меган.
Малку е веројатно дека принцот Салман лично ѝ ги подарил на Меган, но тој ручал со кралицата Елизабета во текот на тридневната посета на Лондон во март 2018 година, што било на два месеца пред венчавката на Хари и Меган.
Бидејќи обетките ѝ се подарени на Меган, која тогаш била член на кралското семејство, тие официјално се сметаат за кралска сопственост. Тие ѝ биле на располагање на војвотката, но таа не можела да ги продаде или да ги даде на некој друг. Нејзините адвокати рекле дека на тоа го мислела кога рекла дека обетките се позајмени.
Меган повторно ги носела на прославата на 70-тиот роденден на принцот Чарлс во Бакингемската палата на 14 ноември истата година.
Принцот Салман подоцна рекол дека сносува одговорен за убиството на г-дин Кашоги, бидејќи тоа се случило под негов надзор, но негирал дека претходно знаел за заговорите за убиството. Многумина тврдат дека под неговото владеење се зголемил бројот на апсења на активисти за човекови права.
FOTO: Ian Vogler/Pool Photo via AP