Рипна бројот на хоспитализирани поради корона, водат Скопје, Прилеп и Куманово

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 427 пациенти.

1,015

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во Скопје и во болниците низ земјава е 669 и има околу 380 празни болнички кревети во ковид центрите, соопшти Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 36 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 242 лица се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 13 приеми. Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 12 нови приеми на пациенти и 10 на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле бил примен еден пациент.






Во изминатите 24 часа дома се пуштени 42 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника се лекуваат 11 пациенти, на Клиниката за неврологија 24, а на Институтот за ТБЦ 35 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 74 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 82 пациенти, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 12 пациенти. На ГАК се хоспитализирани четири пациентки.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 427 пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 32 пациенти, во Штип 42, Тетово 22, Велес 27, Куманово 61, Охрид 55, Прилеп 68, Гостивар 4, Струга 19, Струмица 21, Кочани 5, Кичево 8, Кавадарци 45, Гевгелија 5, Дебар 13.

Поврзани содржини