Колку ќе ќари Глигорие Гоговски од ланската добивка на „Тетекс“?
Нето добивката што ја оствари друштвото лани изнаеува 1,15 милиони евра .
Генералниот директор на „Тетекс“ Тетово Глигорие Гоговски кој е и најголемиот акционер ќе добие 54.637 евра (3.365.698 денари) од вкупната добивка на Друштвото остварена лани.
Ова го содржи предлог одлуката за распределба на добивката што треба да ја донесе Акционерското собрание на „Тетекс“ закажано за 30 март.
Овој износ, му припаѓа на Гоговски по Договор за уредување на односите меѓу друштвото и генералниот директор.
Гоговски, според податоците од пред една година, поседува 12,76 отсто од акциите на „Тетекс“.
Нето добивката што ја оствари друштвото лани изнаеува 1,15 милиони евра (70.0857.000 денари).
Вкупно 57.607 евра ( 3.542.840 денари) остануваат во законски резерви, а како нераспоредена добивка остануваат 298.530 евра (18.389.452 денари).
Вкупно 759.585 евра (45.558.810 денари) ќе бидат распределени за дивиденда на акционерите.
Како што е објавено на Македонска берза, висината на дивидендата бруто по акција изнесува 3,5 отсто од номиналната вредност или 110 денари по акција.
Според планираното акционерите ќе го стекнат правото на дивиденда на 16 април годинава.