Осум фирми ќе инвестраат 1,5 милиони евра во фотоволтаици во светиниколско

Компаниите до јуни треба да добијат дозволи за градење и долгорочен закуп на земјиштето.

648

Осумте фирми, кои добија земјиште под закуп за поставување на фотволтаични централи со капацитет од 25 мегавати електрична енергија, кај светиниколското село Амзабегово се спремни да почнат со градба и поставување во јуни, а целата постапка би траела еден месец, информира за МИА градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски.

– Процедурата за старт на градбата е компаниите да добијат дозвола за градење и долгорочен договор за градежно земјиште, овој договор е обврска на Владата, а дозволите за градење до еден мегават ги дава општината, додека за тие што имаат над еден мегават дозволите ги обезбедува Министерството за транспорт и врски. Станува збор за земјиште од 50 хектари – изјави Велковски.






Тој очекува оваа инвестиција вредна околу 1.500.000 евра да донесе и околу 20 зелени вработувања, одноно луѓе кои ќе се грижат за одржување на централите и нивно обезбедување.

Во моментов се работи и на планска документација од страна на општината за дополнители 50 хектари за фотоволтаични централи на неколку локации во Општина Свети Николе.

Со овие инвестиции Општина Свети Николе ќе биде со најголеми инвестиции во државата во производство на зелена енергија.

Поврзани содржини