Македонски камионџии на минусни температури заглавени на границата Германија-Чешка

Поради воведување на задолжителен ПЦР тест за влез во Германија не постар од 36 часа транспортерите се враќаат до Чешка и на снег и минусни температури за да добијат тест.

731

Македонски камионџии се заглавени на границата меѓу Чешка и Германија, јавува Сител.

Поради воведување на задолжителен ПЦР тест за влез во Германија не постар од 36 часа транспортерите се враќаат до Чешка и на снег и минусни температури за да добијат тест.






– Возачите на товарни возила да имаат ПЦР тест не постар од 36 часа. Се осложнува целосно работата на македонските превозни друштва. Сега и Чешка воведува уште на влез да се прават тие ПЦР тестови зашто тоа важи и за нив – изјави Биљана Муратовска за Сител.

Дополнителен проблем за нив се и најавите од страна на грчките царинарници дека во четврток и петок целосно ќе го затворат преминот Евзони – единствениот преку кој движат македонските превозници.

Од Националниот координативен центар за гранично управување добивме информација дека граничниот премин Евозни ќе биде затворен во периодот од 17. 02 од 5 часот наутро до 18. 02 до 8 часот поради штрајк на грчките царини, се вели во дописот од Центарот за гранично управување.

Поради пандемијата македонските транспортери трпат огромни загуби. Единствено подобро функционирата оние кои превезуваат лекови и медицнска опрема.

Поврзани содржини