Ова не е вирус, туку отров: Емина Јаховиќ се бори со коронавирус, се огласи од карантинот ФОТО

2,473

Пејачката Емина Јаховиќ е заразена со коронавирусот, а сега им се обрати на своите следбеници на Инстаграм.

„Никогаш не размислував за тоа колку се важни сетилата за мирис и вкус. И колку сме среќни само затоа што сме здрави. Не мислам дека ова е вирус, туку отров. Ова е целосно лудило. Болеста не е лесна воопшто, затоа ве молам, сфатете колку што можете сериозно“, порачала Емина.






„Мислам дека секој што има кoронавирус или го имал овој вирус точно знае за што зборувам. Луѓе, само бидете здрави. За овој „Ден на вљубените“, би сакала да го почувствувам мирисот и вкусот на кафето или прекрасниот мирис на цвеќињата”, додала таа.

Српските медиуми објавија дека пејачката наводно го добила коронавирусот кога нејзиниот син Јаман бил на скијање, каде се заразил и штом се вратил дома, тој го пренел вирусот на неговата мајка. Емина била принудена да ги откаже сите свои обврски во Истанбул и следните неколку дена да ги помине во карантин со децата. Засега, за среќа, има поблаги симптоми.

– Емина, сепак, одлучи да продолжи да работи и голем број состаноци ги одржува онлајн. Нема сериозни симптоми, туку блага температура којашто успешно ја држи под контрола. Ја посетија лекари кои ѝ препишаа терапија, а нејзините синови се чувствуваат засега добро и немаат посериозни симптоми. Jаман го донесе вирусот од скијање, но за среќа сè оди добро  – открил за „Блиц“ извор близок до пејачката.

Emina Jahović

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини