Ковид-прележани и вакцинирани од сабота ќе можат да влезат во Словенија
За вакцинираните – мора да поминат 14 денови од втората доза, додека за тие кои прележале – не смее да се поминати повеќе од шест месеци.
Влегувањето во Словенија од сабота ќе биде можно без карантин или доставување негативен тест за коронавирус за оние кои биле вакцинирани со две дози вакцина против ковид-19 и оние кои прележале Ковид-19 и имаат лекарско уверение, одлучи денеска словенечката Влада.
Ова е промена од претходниот режим, според кој само одредени категории луѓе можеа да влезат во Словенија без негативен тест или обврзувачки карантин, како што се работници-мигранти од соседните земји, оние кои влегуваат во земјата за образование, полиција или воена соработка, лица со дипломатски пасоши и слично.
За вакцинираните – мора да поминат 14 денови од втората доза, додека за тие кои прележале – не смее да се поминати повеќе од шест месеци.
Влез во земјата врз таква основа се однесува само на државјаните и жителите на земјите-членки на ЕУ и Шенген, а не и на оние од трети земји.