ВМРО-ДПМНЕ: Ако Заев е искрен, нека ги поддржи нашите предлози за матурата

601

На Зоран Заев не може да му се верува кога вели дека низ дијалог ќе се изнаоѓа компромисно решение во поглед на барањата за државната матура. Ако Заев има навистина искрени заложби тогаш заедно со Царовска нека го поддржат Предлог-законот за изменување на Законот за државна матура и веднаш истиот да биде ставен на дневен ред во Собранието на Република Македонија, порача вечерва ВМРО-ДПМНЕ.

– Искрено ако од Заев се чека компромис и волја за брзо решение тогаш можат уште веднаш да се постават шаторите за кампување пред Министерството за образование и наука, затоа што нема доверба повеќе во неговите зборови. Заев само си купува време, исто како што тоа го вети за името, капиталните инвестиции и проекти, лажните слики за убавите оброци во студентските домови и уште многу други лаги за граѓаните. Жално е што Царовска нема слух за барањата за матурантите. Ниту инвестираат во младите луѓе, ниту водат грижа за квалитетно образование и понатамошен напредок – вели опозициската партија. 

Поврзани содржини