Денот ѝ почнува со џогер, после е наставничка, работи и како диџеј, а во меѓувреме…
...Обврските околу Маркијан, појадок, онлајн настава со близнаците, диџеј, ручек, Раф, ... кус ми е денот, вели Ребека Јанковска Ристески. Зборувавме со неа за нејзиното секојдневје во период на пандемија додека нејзиниот сопруг Мики, е на работа, а таа е сама со своите тројца ‘мускетари’: 14-годишниот Маркијан кој боледува од ретка болест и 7-годишните близнаци Доротеј и Макариј. Наместо 24, денот ѝ трае по 26-27 часа, за што, еден од близнаците знае да ѝ каже: „Мамо, тоа не е здраво за тебе!“
Кога се зборува за ретките болести во Македонија, неизбежно е да се спомене името на Ребека Јанковска Ристески. Впрочем, токму таа, како една од оснивачите и претседателка на здружението „Дајте ни крилја“, направи многу за да се подобрат условите за живот на лицата со дисфункции, хендикеп, ретки болести и посебни потреби, а најмногу за тоа, многу од нив да ја добијат потребната, најчесто прескапа терапија која се најде на позитивната листа на ФЗО.
После 10 години на чело на здружението, сега Ребека е почесен претседател. Повеќе од тоа, вели, не може, особено во овој период на пандемија кога речиси секогаш додека нејзиниот сопруг Мики, е на работа, таа е сама со своите тројца ‘мускетари’, 14-годишниот Маркијан кој боледува од ретката болест туберна склероза и седумгодишните близнаци Доротеј и Макариј.
Додека кукаме колку ни е тешко последнава година, особено на семејствата со деца во кои родителите мораат да работат од дома, а децата да следат онлајн настава, исто така, од дома, замислете како е во семејствата во кои едно од тие деца е дете со ретка болест или, едноставно, дете со попреченост. Згора на тоа со што се соочуваме сите, тие секојдневно се пред такви искушенија и предизвици кои родителите на деца со типичен развој не можат ниту да ги замислат.
Годините минуваат, но најголемиот дел од овие деца не можат никогаш да се грижат за себе и да бидат самостојни. Ребека ни раскажа како изгледа нивното секојдневје.
Прочитајте го целиот текст на порталот „Мајка и дете“.