Гостиварското обвинителство побара притвор за дилер на дрога​

227

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе наредба за спроведување истражна постапка против 34-годишен гостиварец, за кој постои основано сомнение дека извршил кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

„Осомничениот неовластено заради продажба од засега непознати лица, набавил и држел неопределена количина на наркотична дрога марихуана. На 3 февруари тој се упатил во атарот на с. Врапчиште, каде бил забележан од полициски службеници. Осомничениот  го паркирал возилото  и се упатил пешки кон  полскиот пат, каде во близина на местото викано кабел, имал скриено дел од дрогата во количина од 9.01 грам. Откако ги забележал полициските службеници се дал во бегство. Наркотичната дрога била пронајдена од службените лица, по што и осомничениот е лишен од слобода“, соопштија од гостиварското Обвинтелство.






Јвниот обвинител кој постапува во предметот до Ссдијата на претходна постапка при Основниот суд Гостивар поднесе предлог за определување на мерката притвор за осомничениот.

Поврзани содржини